За нас

Историја


ILH (I love hiking group Macedonia) е формирано на 4 јули 2012 година како друштво на млади ентузијасти кои сакаат да ја заштитат природата и воедно да ги извадат сите граѓани на Република Македонија надвор од своите комфорни зони и да им покажат дека надворешните активности се нешто што е многу достапно за оваа земја, која 2/3 е планинска. Организацијата постои како правна од 25.01.2017 година во која учество земаат угледни луѓе на ова општество и во моментов претставува една од најбројните и најдобро организирани друштва. Годишно на нашите тури и проекти според нашите евиденции, поминуваат повеќе од 6000 луѓе. Нашата ФБ страна е со 13к следбеници. I Love Hiking поседува сопствени членски карти и во моментот располага со сопствено возило- комбе 8+1.

image

Визија


Целата организација е создадена за да биде во корист на општеството. Запознавање со убавините на нашата држава и Европа, како со учество така и преку нашите медиуми, преку видеа, постови, текстови и слики. Со проектите кои ги нудиме, луѓето од цела Македонија ни се приклучуваат за поголема дружба, за рекреација и тренинг со големи придобивки за нивното здравје. Младите учат за здравиот начин на живот и среќни се дека секоја недела со мал трошок шетаат низ земјава и соседните држави.