Излези и диши

За настанот


Иницијативата #ИзлезиИДиши опфаќа кратки и лесни тури, во рамките на можностите на сите љубители на природата. (Почетници планинари) Со оваа иницијатива сакаме да ги "извадиме" сите луѓе надвор од затворените простории во кои живеат, работат и тренираат, како и да им ги доближиме Outdoor активностите најдобро што знаеме. Иницијативата #ИзлезиИДиши веќе трета година се реализира во периодот од октомври до април, кога воздухот во нашиот град е најзагаден и единствена можност се деновите за време на викендот, кога можеме да “избегаме” на планина, надвор од загадената градска средина.

image

#ИзлезиИДиши


Турите се погодни за зависниците од “пентарење” и чист воздух, но и за помалку активните, оние кои се искачуваат само на Водно и за сите оние кои сакаат да ни се приклучат, а притоа имаат искачено некоја планина. Станува збор за кратки и лесни, погодни за дружење, запознавање, разговарање...