#ПочниСоВодно

#ПочниСоВодно е настан на врвот на Водно, кој има за цел да понуди здрави навики на членовите на ова општество. Нема подобар почеток, велат, од искачувањето на врвот на Водно (1.067 мнв), што претставува одличен три часовен тренинг за сите сегашни и идни планинари, за постигнување и одржување на кондицијата.


#ПочниСоВодно е практички дружење на врвот на Водно, која има за цел да понуди здрави навики на членовите на ова општество. Нема подобар почеток, велат, од искачувањето на врвот на Водно (1.067 мнв), што претставува одличен двоиполчасовен тренинг за сите сегашни и идни планинари, за постигнување и одржување на кондицијата.

Мотото „Почни со Водно“, на социјалните мрежи и помеѓу помладата популација изминативе две години стана препознатлив синоним за вечерните планинарско-рекреативни дружби кои секој четврток, во попладневните часови, во организација на скопското планинарско друштво I love hiking (Го сакам планинарењето) се одржуваат на Водно.

image

Настанот во еден ден (четврток) го посетуваат од 50 до 600 посетители. Посетителите се од различни возрасти. Забавата што ја нудиме од година во година, привлекува се повеќе и повеќе луѓе. Сето тоа се следи на нашите дигитални медиуми. Фан страната на ФБ со 13к активни членови, YouTube каналот каде ги поттикнуваме со видеа, како и Instagram и Vimeo, канали кои се доста популарни во денешницава.

Од 2018 година на настанот се приклучија и две големи велосипедски друштва, така што опсегот на таргет групата е доста поширока. А во иднина планираме да приклучиме уште планинарски и велосипедски друштва.

Програма #ПочниСоВодно 2019


Отварање на настанот

Настанот ќе започне со свечено отварање на платото на ОУ “Кочо Рацин”, каде говор ќе земат претседателот на I love hiking и претставник на кабинетот на град Скопје. Поддржувачи на настанот, претставници на планинарски и бајкерски клубови. По отварањето ќе пешачиме до врвот на Водно, каде ќе се одржи свечен коктел.

Интернационална вечер

Вечер во која на секој амбасадор ќе му биде дозволено да си ја претстави својата земја преку традиционална музика, кујна и игри. Оваа вечер претставува одлична можност покрај дружбата да се даде внимание и на културата. Интернационалната вечер се оддржува се со цел запознавање на граѓаните со различните култури и традиции со што се придонесува кон градењето на идни космополити.

Хуманитарен хепенинг

По пат на предлози, избираме семејство или личност на кои/кој им е потребна еднократна помош. Со собирање на средства и донации како еден вид на оддолжување на граѓаните за 17те бесплатни настани кои ги добиваат, со мал придонес кон хуманоста да донираат за целата оваа забава што ја добиле цело лето. Хуманоста нема граници, затоа и секоја година на овој ден имаме повеќе од 600 граѓани кои се со нас горе на врвот.