Тренинг со Стојан Мицков

Кој е Стојан Мицков?


Стојан своето знаење го има стекнато на факултетот за физичка култура во Скопје. Тој е поранешен фудбалер, каде преку тренанжен процес има стекнато искуството во фитнесот. Има посетувано обуки по скијање, спасување во вода, прва помош итн... Со планинарството се занимава веќе четири години, а во нашиот клуб е уште од самиот почеток.

Стојан своето искуство го има стекнато со искачување на многу врвови на Алпите меѓу кои се Мон Блан, Гросглокнер, Лускам, Кастор, Пунта Пениа, Триглав, како и зимски искачувања на Митикас, Мусала, исто така и многу наши македонски врвови.

image

#ТренингСоСтојанМицков


#ТренингСоСтојанМицков е иницијатива со која сакаме да ја подобриме физичката подготвеност на нашите членови, на едно повисоко ниво. Преку најразлични фитнес и кардио тренинзи, совети за спортска исхрана, теоретски предавања и практични вежби, каде се изучуваат основите во зимското планинарење. Нашето мото е едноставно, додека тренираме, се дружиме, а со тоа создаваме здрави навики и спортски дух, што ни овозможува побезбедна и полесна реализација за нашите планински предизвици.