Тренинг Со Браќата

image

#ТренингСоБраќата


Според сите светски стандарди за безбедност при работа со опрема за качување на карпа се одржуваат тренинг сесии во Демир Капија и Матка и на други места кои се со обезбедени качувачки насоки со соодветни клинови и сидришта. Ај лав Хајкинг груп Маседониа има доволно опрема и логистика за обука за користење на опремата за качување на карпа и има соработка со искусни качувачи кои имаат повеќе децениско искуство со качување на карпа и со работа со опрема за качување на карпа. Ај лав Хајкинг груп Маседониа има намера да се направи тренинг сесии за едукација за користење на опремата за качување на карпа и тоа знаење да се искористи за качување на алпинистички искачувања низ Европа и низ светот. Секој ученик на тренинг сесија со опрема за качување на карпа претходно се запознава со ризиците и опасностите кои се појавуваат при такви екстремни спортови и активности, потпишува соодветна изјава која се заведува на нотар и приложува потврда од спортска медицина дека е психо физички способен за качување на карпа. Во секцијата на Ај лав Хајкинг груп Маседониа за качување на карпа има одговорно лице кое врши евиденција за тренинг сесиите и за користење на опремата од клубот. Секоја тренинг сесија има соодветна програма и план за работа. Во Ај лав Хајкинг груп Маседониа нема класично рекреативно качување на карпа, ниту обука за која се добива соодветен сертификат за звање или титула за качување; спортски качувач или алпинист.