Правила за Планинарење

Правила за безбедно движење на планина


1. Секогаш вниматено и прецизно испланирајте ја турата која ќе ја одите, должината, елевацијата, опасностите и ризиците на турата, домови во близина, извори со питка вода и најважно пред се следење на временската прогноза. Безбедноста пред се.

2. Секогаш движете се по маркирана патека, не експериментирајте ако не сте доволно искусни, со тоа ја загрозувате безбедноста. Пожелно е да имате ГПС или ГПС запис на мобилна апликација од рутата на движење.

3. Секогаш носете повеќе храна, вода и облека од тоа што ви е потребно, никогаш не се знае што може да се случи на планина.

4. Секогаш во ранецот имајте сет за прва помош, мапа и компас, запалка и челна ламба.

5. Опремата мора да биде квалитетна. Да се носи висока планинарска чизма водоотпорна со вибрам ѓон, ранецот да е со наметка против дожд, јакната да е отпорна на ветер и водоотпорна.

6. Секогаш почитувајте ја планината и никогаш не одете против неа. Секогаш имајте трпение и разбирање за секоја ситуација.

7. Во лоши временски услови или барајте засолниште или враќајте се назад.

8. Доколку движите со организирана група, задолжително слушајте и почитувајте ги водичите, во спротивно ја загрозувате вашата но и безбедноста на цела група.

9. При некоја несакана повреда најважно е да не се паничи, паниките водат кон други несакани ситуации и сериозни загрозувања на својата безбедност. Физичката сила не е таа што ќе ве одржи да продолжите понатаму , туку силата на ваша психа.

10. Доколку се движите во група, тимската работа е најважна во дивината, секогаш мора да имате разбирање и взаемно помагање во каква било ситуација. Заедно сте посилни.

11. Бидете секогаш позитвни, насмеани, мотивирани и безбедно вратете се дома.

12. Чувајте ја планината чиста. Ѓубрето секогаш си го враќате назад со вас.