Приклучи се

Потребни услови за членство


За да станете член на нашето планинарско друштво потребно е претходно да дојдете на минимум три тури со нас и притоа да ги почитувате правилата кои се наведени во самите настани, како и водичите, другите учесници на турата и секако, планината.

Потоа се пополнува пристапница и се уплаќаат 1000 денари на сметка на друштвото, па на организиран состанок членовите од друштвото гласаат за ваше членство. За реобнова цената е 600 денари.:


Примач: гуардианс оф нејчер – ај лав хајкинг груп маседониа

Банка: Стопанска банка – Скопје

С-ка бр: 200003122673462

Дознака: Членарина за таа/тој


Со членството добивате осигурување до 3,000 мнв за цела година, попусти во акциите во друштвото, можност за изнајмување клубска опрема, како и попусти во продавниците за планинарска опрема со кои соработуваме. Парите од членските ги употребуваме за обука на водичи, опрема за акциите кои ги правиме и многу други попатни трошоци.


Превземи пристапница