Поддржувачи

ТРЕКС


ТРЕКС е Здружение за промоција и работа на проекти за планинско трчање и други адреналински спортови во природа, пред сè на планина. Се здруживме со цел да ги развиеме и унапредиме условите за практикување на овие спортови кај нас и да шириме дух на соработка и добра волја помеѓу сите. Мисија на Здружението ТРЕКС е да го промовира и развива здравиот и активен живот во природа, пред се планинското трчање, планинарењето и други спортови и активности, но и промоција на Македонија во светот како одлична дестинација за активен туризам.
Секоја година во својот календар организираме неколку големи настани во планинско трчање - „Водно-Матка Треил Маратон” во Скопје кој се одржува во март, „Охрид Ултра-Треил” во охридскиот регион во мај, „Крали Марко Треилс” во Прилеп и „Струмина Треил” во Штип во есенсикиот период. Покрај овие активноси организираме и бројни отворени настани и трчања во природа низ разни нови и неистражени локации низ нашата држава и регионот, а еднаш годишно и организираме мал филмски фестивал за планинско трчање наречен „Луѓе како нас”.

image
image

Scout Outdoor Shop


Најсовремена, специјализирана продавница за секаков вид на аутдор опрема, облека и обувки од врвни светски брендови. Во нашата продавница ќе најдете облека, обувки и опрема од врвни светски брендови, за сите ваши активности. Од лежерни колекции за прошетки, возење велосипед, вежбање, кампување или патување околу светот, до поспецијализирани парчиња и опрема за посериозни активности во планински услови.

Scout outdoor shop располага со висококвалитетни производи од следните брендови: Jack Wolfskin, Salewa, La Sportiva, Campagnolo, Helly Hansen, Regatta, Dare 2be, F-Lite, HAD, Savoy, Gerber, Sigg, Ticket To The Moon, Alpina Sports, Sea To Summit, Silva, Light My Fire, GSI Outdoors, Lifeventure, Lifesystems, Littlelife, Rotomod, Mistral, Relags, Braun, Suunto, Thule, Petzl, GoPro, Salamander, Garmin и други.

www.scout.mk

Натусана Македонија


Натусана Македонија на македонскиот пазар работи веќе 15 години, како партнер на Dr. Theiss Naturwaren, како еден од најпознатите светски производители на ОТЦ лекови и фармацевтски козметички препарати за нега на лице и тело, сите со врвен квалитет и направени од внимателно одбрани природни состојки.

Натусана работи по највисоки стандарди, дистрибуирајќи ги на македонскиот пазар производите на Dr. Theiss, кои покрај ОТЦ лековите и препаратите на матичниот бренд Dr. Theiss Naturwaren, ги опфаќаат и производите за нега на кожата на Medipharma cosmetics на база на маслиново масло, брендот Allgäuer Latschenkiefer со палета на производи од природно масло од алгојскиот бор наменети за мускулни болки и вкочанетост, како и далеку познатите пасти за заби Lacalut за орална и дентална хигиена.

www.natusana.mk

image