Опрема
Планинарска опрема и облека
За планинарењето да биде комфорно и пријатно, потребно е добро да ја познаваме планинарската облека и опрема. Добриот и правилен избор на облека и опрема ни’ овозможува полесен и попријатен престој на планина, посебно кога ќе се влошат временските услови или ќе настанат некои непредвидени ситуации. Но, важно е да се знае дека опремата му служи на човекот, а не обратно. Човекот е тој што качува, а опремата денес само го олеснува тоа.
Да ги наброиме најважните елементи на планинарската облека:
- Високи разгазени трисезонски планинарски чевли
- Зимски планинарски чевли
- Планинарски ранец за повеќедневен престој на планина
- Планинарски ранец за еднодневен престој на планина
- Навлечна планинарска јакна (hardshell)
- Softshell планинарска јакна
- Тенки топли ракавици (first layer)
- Навлечни водоотпорни ракавици
- Две капи
- Долна облека од тенка волна (два пара чорапи, гаќи, ѕиври, маица, поткошула)
- Водоотпорни планинарски пантолони
- Зимски пантолони
- Dryfit маици
- Полар
- Маска за лице (Балаклава)
- Кабаница
- Гамашни
- Очила за сонце
- Летна капа или шеширче
- Скијачки наочари
- Бивак вреќа
- Астрофолија
- Прибор за прва помош
- Термос
- Горилник и сад за готвење
- Бусола
- Челна лампа и додатни батерии
- Планинарски стапчиња
- Греачи за раце и нозе
- Планинарско ноже
- Свирче
- Запалка
- Дерези, цепин, кацига, појас, гуртни, карабинери (по потреба)
- Вреќа за спиење и подметнувач (доколку се кампува)
- Лопатка