Поддржувачи

Сава пензиско друштво


Сава пензиско друштво а.д. Скопје управува со задолжителниот пензиски фонд Сава пензиски фонд и со доброволниот пензиски фонд Сава пензија плус. Посветено работиме и градиме Друштво кое е препознато по грижата за своите членови, транспарентноста и високите морални вредности, како и по својата активна улога во одржливоста на пензискиот систем, човечката околина и општеството во целина.
Друштвото континуирано дава поддршка и вложува во развој на спортот и здравиот начин на живот и преку ваквата наша определба се веруваме дека ќе придонесеме за градењето на здрави навики во нашето општество. Како компанија која е свесна за негативните промени во животната средина, ќе продолжиме да инвестираме во одржливи проекти и активности за подобрување на животната средина во која живееме.
Дознајте повеќе за Сава пензиско друштво на www.sava-penzisko.mk

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

image
image

Scout Outdoor Shop


Најсовремена, специјализирана продавница за секаков вид на аутдор опрема, облека и обувки од врвни светски брендови. Во нашата продавница ќе најдете облека, обувки и опрема од врвни светски брендови, за сите ваши активности. Од лежерни колекции за прошетки, возење велосипед, вежбање, кампување или патување околу светот, до поспецијализирани парчиња и опрема за посериозни активности во планински услови.

Scout outdoor shop располага со висококвалитетни производи од следните брендови: Jack Wolfskin, Salewa, La Sportiva, Campagnolo, Helly Hansen, Regatta, Dare 2be, F-Lite, HAD, Savoy, Gerber, Sigg, Ticket To The Moon, Alpina Sports, Sea To Summit, Silva, Light My Fire, GSI Outdoors, Lifeventure, Lifesystems, Littlelife, Rotomod, Mistral, Relags, Braun, Suunto, Thule, Petzl, GoPro, Salamander, Garmin и други.

www.scout.mk

ТРЕКС


ТРЕКС е Здружение за промоција и работа на проекти за планинско трчање и други адреналински спортови во природа, пред сè на планина. Се здруживме со цел да ги развиеме и унапредиме условите за практикување на овие спортови кај нас и да шириме дух на соработка и добра волја помеѓу сите. Мисија на Здружението ТРЕКС е да го промовира и развива здравиот и активен живот во природа, пред се планинското трчање, планинарењето и други спортови и активности, но и промоција на Македонија во светот како одлична дестинација за активен туризам.
Секоја година во својот календар организираме неколку големи настани во планинско трчање - „Водно-Матка Треил Маратон” во Скопје кој се одржува во март, „Охрид Ултра-Треил” во охридскиот регион во мај, „Крали Марко Треилс” во Прилеп и „Струмина Треил” во Штип во есенсикиот период. Покрај овие активноси организираме и бројни отворени настани и трчања во природа низ разни нови и неистражени локации низ нашата држава и регионот, а еднаш годишно и организираме мал филмски фестивал за планинско трчање наречен „Луѓе како нас”.

image