Кои сме ние



Дејан Доневски

Претседател/Водич

Планинарството дава живот, дава енергија, го зголемува левелот и се грижи за соодветниот напредок (upgrade) што треба секој да го има низ текот на годините. Се на сѐ, дружба, љубов, здравје.

Кучки Ком 2487 метри, Леворечки Ком 2469 метри
Елбрус, Елбрус (Русија) 5642 метри, 2019 год.
Митикас, Олимп ( Грција ) 2919 метри, 1.1.2018 год.
Мусала, Рила ( Бугарија) 2925 метри, 19.1.2018 год.
Риси, Татри (Полска) 2499 метри, 7.4.2018 год.
Герлачки Штит, Татри (Словачка) 2655 метри, 8.4.2018 год
Рудока, Шар Планина (Косово) , 22.6.2018 год.
Монт Блан, Алпи (Италија) и (Франција) 4810 метри, 12 .8.2018 год, 7.7.2019 год.
Кораб, Кораб (Македонија) и (Албанија) 2764 метри
Триглав, Триглав (Словенија) 2864 метри, (х3)
ГросГлокнер (Австрија) – 3798 метри 2017, 2019 год.
Мармолада (Италија, Доломити) – 3343 метри, 2017, 2019 год.
Маја Језерце 2694 метри (Албанија), Маја Каранфили 2490 метри (Црна Гора), Очњак 2185 метри (Црна Гора)
Castrore 4224 метри (Италија) 2016, 2018 год. II Naso del Lyskamm 4272 метри (Италија) 2018 год.
Zumsteinspize 4563 метри (Италија), Parrotspitze 4554m (Италија) 2018 и 2019 год.
Breithorn 4164 метри (Италија) 2019 год.
Gran Paradiso (Италија) 4061 метри 2018 и 2019 год.
Прењ 2115 метри (Босна и Херцеговина)
Ниџе – Кајмакчелан 2521 метри (Македонија и Грција)
Карпати – Виштеа Маре 2527 метри (Романија) 2019 год.
Доломити со фератите на Три Чиме и Тофано ди Розес 2019 год.



Стефан Никовски

Водич

Стефан се занимава активно со планинарството од 2009та година. Неговите вештини ги има стекнато кога беше дел од Тимот за Спасување на Планина при Црвениот Крст на град Скопје и учествувал во многу планинарски акции како и во дел спасувачки акции на планина.
Има поминато основна воена обука и завршено Одбранбени и Мировни студии каде преку теренска пракса обука на армискиот полигон Криволак се има стекнато со вештини за тимска организација, координираност, логистика и подготвување за извршување на теренска акција во планински предел. Исто така се има стекнато со основна вештина и познавања за преживување, навигирање, спасување во планински предели.

Неговото искуство исто така се базира и со искачувањата на врвови во Европа и дел на Балканот,

Гросглокнер (Австрија) 3798мнв
Пунта Пенија (Италија) 3342мнв
Триглав (Словенија) 2864мнв
Мусала (Бугарија) 2925мнв
Прењ (БиХ) 2115мнв

Од 2015та година активно започнува како член на I Love Hiking – group Macedonia и за кратко време со неговото искуство влегува во тимот кој се грижи за безбедноста на учесниците и целокупната акција, како главен теренски организатор за секоја планинарска тура. Дисциплината и прецизноста се едни од главните предности со кој располага Стефан и секогаш работи на тоа да една тура биде прецизно изанализирана со сите можни закани и ризици кон учесните и кон самата акција и нивно спречување, располагање на сите опции и помошни опции и детално прегледување на теренот, патеката на движење и пратење на временските услови.

Неговото животно мото е едноставно: лојалност, дисциплина и прецизност до успех... и никогаш не се откажувај!



Стефан Перовски

Водич

Стефан се приклучи на друштвото во 2016 година, а веќе следната 2017 учествуваше на првата експедиција на друштвото на Гросглокнер во Австрија. Есента истата 2017 започна соработка со I Love Hiking како помошник водич се до започнувањето на 2 годишната обука за водичи на планина по UIMLA стандардот во 2018 година, по што добива статус на Водич во друштвото.
Во 2018 Стефан учестуваше во експедицијата на Мон Блан и во искачувње на Карпатите во Словачка, а во 2019 како помошник водич на Монте Роса и Гран Парадизо во Италија.
Има искачено голем број на македонски врвови во летни и зимски услови, како и неколкумина позначајни Балкански врвови.
Од 2019 година Стефан е одговорен во друштвото за тренинзите по качување на карпа (Rock Climbing).



Иван Киселоски

Водич со лиценца од UIAA

Иван Киселоски Киц е голем љубител на планинарењето, кампувањето, спелеологијата, планината и природата воопшто.
Има искачено многу врвови во Македонија меѓу кои Голем Кораб, Титов врв, Љуботен, Солунска Глава, Среден камен, Веливар итн. Од врвовите со најубав поглед го издвојува врвот Плат.
Со планинарското друштво I LOVE HIKING – GROUP MACEDONIA планинари од регистрирањето на друштвото а негов член е од јануари 2018. Од декември 2018 како помошник водич дава придонес во организирањето на планинарските тури на друштвото. Во декември 2019 година по завршената обука според UIAA стандард, од страна на ФПСМ е промовиран во лиценциран планинарски водич во категоријата А1.
За I Love hiking ќе рече дека е едно големо семејство. Омилена планина му е Шара а најмогу сака да планинари во пролет... Уствари во лето... т.е. во есен... Или не... сепак во зима. Хоби му е да ги снима моментите од планинарските авантури и низ видео да ги доближи убавините на природата до сите.
Професионално работи во Црвен крст каде по потреба се вклучува во активностите на Тимот за одговор при катастрофи и Тимот за спасување на планина.
Неговите авантури може да ги следите на неговиот Youtube канал како и на неговиот инстаграм профил.



Васил Скрчески

Водич / Правен застапувач

Васил – како планинар започнува од 2016 година. Истата година станува член на клубот I LOVE HIKING GROUP MACEDONIA. Исто така, тој е љубител и на треил трки од 2018 година

Мусала 2.925 м, Бугарија
Маљовица 2.729 м, Бугарија
Каранфили 2.460 м, Проклетие, Црна Гора
Очњак 2.185 м, Проклетие, Црна Гора
Маја Језерце 2.694 м, Проклетие, Албанија
Прењ 2.115 м, Босна и Херцеговина
Ниџе – Кајмакчелан 2.521 м, Македонија и Грција
Карпати – Виштеа Маре 2.527 м, Романија
Копровски врв (штит), Татри 2.367 м, Словачка и Полска
ГросГлокнер 3.798 м, Австрија
Мармолада 3.343 м, Италија, Доломити
Триглав, 2.864 м, Словенија
Монт Блан, Алпи, 4.810 м, Италија и Франција
Castrore 4.224 м, Италија
II Naso del Lyskamm 4.272 м, Италија
Елбрус 5.642 м, Русија



Владимир Николовски

Водич / ИТ Поддршка

Владимир започнува со планинарење во 2017 година и истата година станува дел од I Love Hiking. Има искачено многу врвови во Македонија. По професија е програмер, а во друштвото е помошник водич од Декември 2018 година и е одговорен за веб страната на друштвото. Освен во Македонија има искачено и други познати врвови во Европа:

Алпи, Монте роса – 4556м (Италија/Швајцарија)
Алпи, Гран Парадизо – 4061м (Италија)
Рила, Мусала – 2925м (Бугарија)
Олимп, Митикас – 2919м (Грција)
Триглав - 2864м (Словенија)
Карпати, Виштеа Маре – 2527м (Романија)



Владимир Павиќевиќ

Водич / Фотограф

Владимир Павиќевиќ е вљубеник во природата, планините и животните. Планините и природата ги има засакано уште од мали нозе преку скијањето. Владимир има искачено повеќе врвови во Македонија и надвор од неа.
Лешница на Шар Планина и целиот предел околу Лешница му е омилен дел за планинарење.
Со планинарското друштво I LOVE HIKING – GROUP MACEDONIA е скоро две години, а од декември 2018 е помошник водич. Покрај планинарењето, тој сака да фотографира и пејсажи. Низ фотографиите сака да ги долови убавините на природата и планинарењето, а со тоа да привлече повеќе луге да уживаат во планините.
https://www.instagram.com/juicesk.



Љубомир Стошевски

Водич

Љубомир од секогаш бил заљубен во природата и отворениот простор. Посериозно со планинарење започнува 2017 година каде прв пат оди со клубот на турата Матка – Водно. После таа тура почнува да се усовршува и да работи на тоа да стане водич. Има качено повеќе врвови во Македонија и надвор од неа. Заврши курс по Прва помош како и Заштита и спасување на планина во рамките на клубот, а на Факултетот за Безбедност Одбрана и Мир се здоби со познавања од областа на навигација, кординирање на отворено и менаџирање на ризици.
Тимот е тоа што го прави клубот и затоа секогаш е за тоа тимот да е на највисоко подготвено ниво, а бенефитите од планината се неминовни само треба да се излезе и ќе се дознае. За да се осознаеш самиот себе треба да се тестираш да видиш до каде можеш, а планината е добар тест за такво нешто таа ќе те научи како треба, а и како не треба.



Славко Новјановски

Водич / Промотер

Славко е вљубеник во планината и планинарството од мали нозе и на планина се чуствува како дома, но позначајно и поактивно со оваа своја пасија се занимава од 2014 година. На клубот I Love Hiking Group Macedonia му се приклучува во 2017 година, заради атмосферата што владее на турите, каде веднаш си прифатен како еден од своите, како дел од фамилијата на Hiking. Омилена тура му е Матка - Водно и нормално омилена планина Водно, иако многумина ја потценуваат истата. Ги преферира езерските тури (Караниколички езера, Салакови езера, Црно езеро - Рудока итн.) заради сонцето, уживањето, хедонизмот и енергијата што се присутни на овие акции.

Позначајни врвови:

• Арарат - 5137 mnv (Турција)
• Мусала - 2925 mnv (Бугарија)
• Вихрен
- 2914 mnv (Бугарија)
• Голем Кораб
 - 2764 mnv (Кораб)
• Титов Врв - 2747 mnv (Шар Планина)
• Бориславец - 2675 mnv (Шар Планина)
• Пелистер - 2601 mnv (Баба Планина)
• Солунска Глава - 2540 mnv (Јакупица)
• Пирибег - 2521 mnv (Шар Планина)
• Љуботен- 2498 mnv (Шар Планина)
• Плат - 2398 mnv (Шар Планина)
• Голем Крчин - 2343 mnv (Крчин)
• Бик Дорук - 2268 mnv (Стогово)
• Магаро - 2255 mnv (Галичица)... итн

“Качувајте се на планините... Но не за светот да може да Ве види, туку за да можете Вие да го видите светот“. - Дејвид МекКалах Џуниор



Јана Манева

PR Менаџер

Јана е член на I Love Hiking Group Macedonia од 2020 година. Почетоците во планинарање ги бележи во 2015 каде за прв пат заедно со I love Hiking зема учество на искачување на врв Рудока со плажарење на Црно Езеро. Тогаш почнува нејзината пасија за искачување на сите врвови во Македонија и во соседството. Од 2020 година редовно е присутна на сите наши акции, а уште поредновна кога се работи за промовирање и организирање на нашите настани.



Ивана ИФ Јовановска

Промотер / Ultra Trail Runner

Ивана Иф Јовановска слободното време го поминува повеќе на планина отколку дома, бидејќи, како што вели таа, таму времето застанува и се воздигнува човечкиот дух. Планините и природата се местото каде се чувствува најжива и се пронаоѓа себеси, затоа и од таму црпи енергија. Во друштвото I Love Hiking Macedonia стартува во јули 2019 година со една уникатна тура на Даутица и од тогаш негува нераскинлива врска со клубот, како што таа љуби да го нарече “ФЕМИЛИ”.

Омилена и е најживописната Баба планина со својот Пелистер. Секоја планина има посебна енергија која вреди да се доживее. Така човек станува мудар и знае кој е вистинскиот еликсир на младоста. Омилен дел и е погледот од секој врв, кога дознаваш колку е моќен тој момент кога си таму горе високо, ја сознаваш големината на планината, те обзема и те носи за скала повисоко психички секој пат, со секој длабок здив што го испушташ низ височините. Поради големата страст за планините и преголемиот апетит за истите, планинското трчање и станува пасија, па почнува да учевствува на планински трки и зема замав се повеќе и повеќе. Ја издвојува Галичица Ултра Треил и ултра трката од 100км и 5000м денивелација, каде од врвот Магаро ги впиваш најпрекрасните пејсажи во Македонија. Планински велосипедизам и го буди адреналинот во поново време, а качување по карпи уште повеќе. Се што претставува активност на планина е добредојдено во нејзиниот живот. Интересното кај Иф е тоа што обожава да оди боса низ планините, впрочем се има искачено на многу врвови без обувки, затоа што така ја чувствува посилно конекцијата со Мајка Природа. За да го пренесе тоа незаменливо преубаво чувство и за да влијае на сите кои сакаат да започнат здрав живот, направи Еверестинг боса, на Водно, каде го поминува најголемиот дел од слободното време сама или пак со својата ќерка Меланија на која и ја пренесе љубовта за планините уште од најмали нозе. Ќе даде се од себе за да пренесе на сите околу неа колку е важно да ги уживаш убавините на планина и што тие значат за секој од нас.



Горјан Мишевски

Креативен Тим

Член и дел од креативниот тим на I Love Hiking Group Macedonia. Активно учество во интерното работење на организацијата како и советник на претседателот во клубот. Горјан е исто така претставник во советот на клуб за млади во Црвен Крст општинска организација Центар, како и фотограф на планинарските тури. Во случај на средба со некоја мечка, Горјан ке биде на првите борбени редови со неговиот тренинг за Бразилско Џиу Џитцу.