
Сава пензиско друштво
Сава пензиско друштво а.д. Скопје управува со задолжителниот пензиски фонд Сава пензиски фонд и со доброволниот пензиски фонд Сава пензија плус. Посветено работиме и градиме Друштво кое е препознато по грижата за своите членови, транспарентноста и високите морални вредности, како и по својата активна улога во одржливоста на пензискиот систем, човечката околина и општеството во целина.
Друштвото континуирано дава поддршка и вложува во развој на спортот и здравиот начин на живот и преку ваквата наша определба се веруваме дека ќе придонесеме за градењето на здрави навики во нашето општество. Како компанија која е свесна за негативните промени во животната средина, ќе продолжиме да инвестираме во одржливи проекти и активности за подобрување на животната средина во која живееме.
Дознајте повеќе за Сава пензиско друштво на www.sava-penzisko.mk
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Scout Outdoor Shop
Најсовремена, специјализирана продавница за секаков вид на аутдор опрема, облека и обувки од врвни светски брендови. Во нашата продавница ќе најдете облека, обувки и опрема од врвни светски брендови, за сите ваши активности. Од лежерни колекции за прошетки, возење велосипед, вежбање, кампување или патување околу светот, до поспецијализирани парчиња и опрема за посериозни активности во планински услови.
Scout outdoor shop располага со висококвалитетни производи од следните брендови: Jack Wolfskin, Salewa, La Sportiva, Campagnolo, Helly Hansen, Regatta, Dare 2be, F-Lite, HAD, Savoy, Gerber, Sigg, Ticket To The Moon, Alpina Sports, Sea To Summit, Silva, Light My Fire, GSI Outdoors, Lifeventure, Lifesystems, Littlelife, Rotomod, Mistral, Relags, Braun, Suunto, Thule, Petzl, GoPro, Salamander, Garmin и други.

ТРЕКС
ТРЕКС е Здружение за промоција и работа на проекти за планинско трчање и други адреналински спортови во природа, пред сè на планина. Се здруживме со цел да ги развиеме и унапредиме условите за практикување на овие спортови кај нас и да шириме дух на соработка и добра волја помеѓу сите. Мисија на Здружението ТРЕКС е да го промовира и развива здравиот и активен живот во природа, пред се планинското трчање, планинарењето и други спортови и активности, но и промоција на Македонија во светот како одлична дестинација за активен туризам.
Секоја година во својот календар организираме неколку големи настани во планинско трчање - „Водно-Матка Треил Маратон” во Скопје кој се одржува во март, „Охрид Ултра-Треил” во охридскиот регион во мај, „Крали Марко Треилс” во Прилеп и „Струмина Треил” во Штип во есенсикиот период. Покрај овие активноси организираме и бројни отворени настани и трчања во природа низ разни нови и неистражени локации низ нашата држава и регионот, а еднаш годишно и организираме мал филмски фестивал за планинско трчање наречен „Луѓе како нас”.

ESENSA
ESENSA d.o.o. е друштво за производство на диететски суплементи, медицински средства, предмети за општа употреба во кои е вклучена козметика и биоцидни прозводи. Основана е 2002 година како производство во рамките на FARMALOGIST, а од 2007 работи под името ESENSA d.o.o. и 100% е во приватна сопственост. ESENSA d.o.o. 2009 година добива дозвола за производство на медицински средства, а 2011 година дозвола за вршење големопродажба на лекови, медицински средства и почетни супстанци за производство, односно изработка на галенски и магистрални лекови во оригинално пакување.
Poleo Sport
Полео Спорт е најголем специјализиран ланец на трговија со спортска и здрава исхрана за спортисти, рекреативци и луѓе кои се грижат за своето здравје. Во нашите продавници ќе наидете на високо едуциран персонал кое знае и може да ви понуди совети како да живеете активно, како да се храните здраво и да ги постигнете вашите цели брзо и сигурно, независно дали тие се спортски или од личен карактер. Нашето тесно подрачје на специјализација се производи наменети за спортска исхрана и други додатоци во исхрана, кои дополнети со правилен совет од нашите стручни лица стануваат право оружје со кое ќе ги остварите вашите цели.
Им овозможуваме здрава исхрана на спортистите и рекреативците, односно луѓето кои се грижат за своето здравје, како и совети од високо едуцирани луѓе од спортски карактер во сите големи градови.

Woolona mk
Облека од мерино волна
Облеката од мерино волна потекнува од чудесната австралиска мерино овца. Врвен комфор и неповторливи перформаси, без ралзика дали сте на работното место, планина или спортувате, облеката од австралиска мерино волна е совршениот избор!
Анти-бактериски својства, ја чува кожата постојано сува и чиста, без мирис при потење!