Потребни услови за членство

I Love Hiking Group Macedonia

За да станете член на нашиот планинарски клуб потребно е претходно да дојдете на минимум три тури со нас и притоа да ги почитувате правилата кои се наведени во самите настани, како и водичите, другите учесници на турата и секако, планината.

Следно е пополнување на пристапница. По пополнувањето на пристапницата на организиран состанок членовите од клубот гласаат за Ваше членство. Откога членовите ќе Ве изгласаат се уплаќа чланарина од 1000 ден. За реобнова на истата секоја наредна година изнесува 600 ден. Сите членови се обврзани да направат спортска медицина во текот на годината

Примач: Ај лав хајкинг груп маседониа
Банка: Стопанска банка – Скопје
Жиро сметка: 200003122673462
Дознака: Членарина за таа/тој

Со членството добивате осигурување до 3,000 мнв за цела година, попусти во акциите во друштвото, можност за изнајмување клубска опрема, како и попусти во продавниците за планинарска опрема со кои соработуваме. Парите од членските ги употребуваме за обука на водичи, опрема за акциите кои ги правиме и многу други попатни трошоци.

Превземи пристапница